Top Sport

Голманот на Малатијаспор, Туркаслан загинал во земјотресот во Турција

Голманот на Јени Малатијаспор, Ахмет Ејуп Туркаслан го загубил животот во катастрофалниот земјотрес кој ја погоди земјата во понеделникот, потврдија од неговиот клуб, објаснувајќи дека тој бил во една од зградите кои целосно се срушиле.

„Нашиот голман, Ахмет Ејуп Туркаслан, го загуби животот во земјотресот. Почивај во мир, нема да те заборавиме, прекрасен човеку“, напишаа од клубот на социјалните мрежи.

Туркаслан во својата кариера играше и за Османлиспор и Умранијеспор, а зад себе ја остава собруката Кубра Туркласан, која успеала да се извлече од срушената зграда.

Фудбалот во Турција е откажан на неопределено време.

Scroll to Top