Top Sport

Капитенот на Лајпциг ќе пропушти меч од Бундеслигата за да донира коскена срж

Капитенот на германскиот бундеслигаш Лајпциг, Вили Орбан, ќе го пропушти натпреварот против Унион Берлин во 20. коло од Бундеслигата, подготвувајли се да донира коскена срж за да спаси човечки живот.

Орбан неодамна добил известување дека неговото ткиво се совпаѓа со ткивото на пациентот.

Унгарскиот дефанзивец влезе на листата на донатори на коскена срж во Германија во 2017 година, откако Лајпциг учествуваше во кампањата.

„Бев изненаден кога ја добив информацијата дека како донатор ги исполнувам условите. Никогаш не се сомневав, ова може да спаси човечки живот со многу малку труд. Немаше друга мисла за мене. Се надевам дека мојата донација ќе му помогне на примателот. Секако, можеби ќе го пропуштам натпреварот. Но, дури и со мојата спортска амбиција, фудбалот не е најважната работа“, изјави Вили Орбан.

Трансплантацијата на матични клетки ги заменува оштетените клетки со нови и се користи за лекување на лимфом и за леукемија. Орбан добил инјекции за зголемување на бројот на матични клетки.

Scroll to Top