Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, има уште еден дополнителен проблем во обидот да направи позитивен пресврт во резултатите на актуелниот италијански шампион. Голем проблем е отсуството на првиот голман Мајн Мањан, а неговото враќање на терените е дополнително одложено.
Според клупските лекари, францускиот чувар на мрежата ќе мора да паузира најмалку до крајот на месецот.
Мајк Мањан, според ова, ќе го пропушти првиот осминафинален натпревар од Лигата на Шампионите против Тотенхем, а неизвесен и за реваншот на 8 март.