Емирот на Катар, Тамим Бин Хамад Ал-Тани, сака да го купи Манчестер јунајтед за 4.5 милијарди фунти, но проблем претставува тоа што го тие веќе го поседуваат Пари Сен-Жермен, што значи дека еден од клубовите нема да може да игра во Лигата на шампиони, тврдат британските медиуми.
По објавата на американските газди на Јунајтед, семејството Глејзер дека го поставуваат клубот на продажба, се очекуваше повеќе заинтересирани страни од Блискиот Исток да се јават на наддавањето, и сега, според „Гардијан“, емирот Шеик Тамим Бин Хамад Ал-Тани е главен фаворит со понуда која нема да може да се одбие.
Катарците веќе се газди на Пари Сен-Жермен од 2011 година, и според правилата на УЕФА, клубови со исти сопственици не можат да играат меѓу себе во нивните натпреварувања, и емирот чека да се најде решение пред да се продолжи со потенцијалното купување на клубот.
Иако во медиумите се споменуваше сума од 6 милијарди фунти кои ќе ја бараат Глејзери, емирот е подготвен да даде пореална цена од 4.5 милијарди фунти, нешто што тешко дека ќе биде надминато. Според „Гардијан“, доколку се случи купувањето на клубот, менаџерот Ерик Тен Хаг може да очекува огромна сума достапна за засилувања веќе во летниот преоден рок.