Наполи, очигледно, и во новата сезона во Серија А ќе биде еден од најсериозните ривали на Јувентус за титулата во Италија, откако под водство на новиот тренер Карло Анчелоти стигнаа до импресивна кам-бек победа од 2:1 на гостувањето кај Лацио.
Лацио први дојдоа до водство во 25. минута, кога Чиро Имобиле мајсторски успеа да се ослободи од тројца дефанзивци на „партенопеи“ за да постигне навистина прекрасен гол.
#LazioNapoli che golllllll??????????????? pic.twitter.com/wTDv19ewST
— Mauri (@mauriB_N) August 18, 2018
Меѓутоа, Наполи не се откажаа и на истекот на првото полувреме, Аркадиуш Милик избегна офсајд-стапица и израмни на 1:1. Лоренцо Инсиње беше човекот на одлука кога во 59. минута со убав удар го совлада Стракоша.
Фото: ЕПА