Top Sport

Мбапе: Нејмар останува суперѕвездата на ПСЖ

Килијан Мбапе можеби постигна два гола за кам-бек победата од 3:1 на гостувањето кај Генгам, но вели дека Нејмар останува суперѕвездата во тимот на Пари Сен-Жермен.

Мбапе влезе во игра во второто полувреме кога неговиот тим губеше со 1:0 на Бретања и присуството на тинејџерот веднаш се почувствува – по неговата комбинација со Нејмар беше досуден пенал во кој Нејмар беше сигурен, а потоа Мбапе постигна два гола. Сепак, тој не е подготвен да биде лицето на новиот ПСЖ.

„Нејмар е суперѕвезда, многу поголема ѕвезда од мене. Јас не сум на тоа ниво уште. Тој работеше многу години во Барса да го докаже тоа, а имаме и други суперѕвезди во тимот. Не мислам дека јас го сменив натпреварот денеска. Помогнав со двата гола, но не беше само до мене. Мојата кариера само што почнува и имам големи амбиции во клубот и во репрезентацијата, но одам чекор по чекор. Одиме понатаму“, изјави скромно Мбапе.

Мбапе и сѐ е поинаку! Тинејџерот донесе победа за ПСЖ (видео)

Scroll to Top