Хрватска е нов европски шампион во кадетска конкуренција, откако во драматичното финале во Нови Сад со 71:70 ја победи репрезентацијата на Шпанија.
Финишот на натпреварот беше за „срцев напад“. Шпанците да постигнаа тројка за водство од 70:69. На ова одговори, Роко Пркачин со удар со грбот свртен кон кошот, налик на ударите на неговиот татко Никша, донесе победа за Хрватска.
Борис Тишма имаше 24 поени, Роко Пркачин додаде 18 за славеничката репрезентација. Ова е четврто кадетско злато на Хрватска.
Бронзата на ЕП во Србија го освои Турција, откако со 82:59 ја декласираше репрезентацијата на Франција.
NAME A BETTER ? FINISH, WE'LL WAIT… ? #FIBAU16Europe@CbfHks ?? @baloncestofeb ?? pic.twitter.com/y2tpK2YByJ
— FIBA (@FIBA) August 18, 2018