Top Sport

Вардар не го дава Суперкупот ниту во Струга

Вардар е освојувач на вториот ракометен Суперкуп на Македонија, откако на отворено во Струга, го декласираше Металург со 33:24 покажувајќи дека и со ослабен состав уште е најдобриот клуб во Македонија.

Официјалниот старт на ракометната сезона во Македонија овојпат се означи како дел од традиционалниот турнир во Струга, и претставува прв трофеј на новиот тренер Роберто Гарсија Парондо.

Тимур Дибиров со осум гола повторно се наметна како прв голгетер на „црвено-црните“, додека по четири имаа Кисељов и Скубе. Кај Металург, Димитриоски, Кузмановски и Танкоски имаа по четири гола.

Вардар и Металург ќе се сретнат повторно многу бргу, уште на 29 август во меч од регионалната СЕХА-лига.

Фото: РК Вардар

Scroll to Top