Top Sport

Голчиштето на Имобиле не беше доволно за Лацио, Наполи стартуваше со победа (видео)

Наполи, очигледно, и во новата сезона во Серија А ќе биде еден од најсериозните ривали на Јувентус за титулата во Италија, откако под водство на новиот тренер Карло Анчелоти стигнаа до импресивна кам-бек победа од 2:1 на гостувањето кај Лацио.

Лацио први дојдоа до водство во 25. минута, кога Чиро Имобиле мајсторски успеа да се ослободи од тројца дефанзивци на „партенопеи“ за да постигне навистина прекрасен гол.

Меѓутоа, Наполи не се откажаа и на истекот на првото полувреме, Аркадиуш Милик избегна офсајд-стапица и израмни на 1:1. Лоренцо Инсиње беше човекот на одлука кога во 59. минута со убав удар го совлада Стракоша.

Фото: ЕПА

Scroll to Top