Лече освои значаен бод во обидот да биде подалеку од опасната зона на табелата во Серија А откако ремизираше 1:1 на домашен терен против Рома. Тимот на Жозе Мурињо останува третото место со 41 бод.
Домаќинот дојде во водство со автоголот на Роџер Ибањез во седмата минута, но Рома сепак брзо се врати во ритам откако Пауло Дибала реализираше пенал. Но, „волчицата“ не најде начин уште еднаш да ја затресе мрежата на Лече.