Арне Еспел, 25-годишниот голман на белгискиот нисколигаш Винкел Спорт Б вчера починал, откако по одбранет пенал на мечот со Вестрозебеке, му се слошило и колабирал на теренот. И покрај брзата интервенција на медицинските лица, тие не успеале да му го спасат животот.
„Топката уште беше во игра и нашиот голман отиде да ја собере топката, но одеднаш падна. Беше страшно. Тој беше добро момче, и не ми се верува дека си замина“, изјави помошникот тренер на Винкел, Стефан Деверхин.
Drama in West-Vlaamse Ledegem: Doelman van Sint-Eloois-Winkel B stopt strafschop en sterft ter plaatse https://t.co/CzrgCRVLCn pic.twitter.com/TZpLBDo7ah
— Nieuwsblad Sport (@nieuwsbladsport) February 11, 2023