Top Sport

Работнички доведе уште еден талент, Никола Величковски

Работнички доведе уште еден млад и талентиран фудбалер во своите редови. Нов играч на „романтичарите“ е напаѓачот Никола Величковски.

Тој доаѓа од Вардар, каде ја мина младинската школа, а имаше промоција и во сениорскиот погон.

Никола Величковски потпиша тригодишен договор со ФК Работнички. 17-годишниот напаѓач е голема перспектива на македонскиот фудбал, а Работнички секогаш им дава шанса за докажување и усовршување на младите таленти.

Scroll to Top