Ракометарите на Вардар 1961 го добија скопскиот диеч против Тинекс Пролет со 30:23 во првото коло од плеј-офот во Суперлигата.
Вардарци поведоа со 5:2, гостите успеаја да израмнат, но „црвено-црните“ сепак на полувреме заминаа со три гола предност (17:14).
Пролет стисна и на почетокот на второто полувреме и дојде до 18-17, но потоа фаворитот додаде гас и тргна кон триумф.
Најефикасен на теренот беше Јан Чувара кој постигна дури 13 погодоци, додека кај Пролет се истакна Василевски со пет гола.
Фото: РК Вардар