Ливерпул оваа сезона игра далеку под очекувањата, но фановите секогаш се радуваат на победите против градскиот ривал Евертон. „Црвените“ славеа со 2:0 на „Енфилд Роуд“и можеби тргнаа кон многу подобри резултати во вториот дел од сезоната во Премиерлигата.
Мохамед Салах во 36.минута донесе предност за Ливерпул по еден класичен противнапад и асистенцијата на Дарвин Нуњез.
На почетокот на вториот дел, Коди Гакпо постигна втор гол за Ливерпул и ривалот не можеше да се врати во игра.