Top Sport

Реал Сосиедад покажа класа за ЛШ и против Еспањол

Реал Сосиедад игра одлично оваа сезона во Ла Лига и продолжи во ист стил и на гостувањето кај Еспањол. Баскискиот тим се наоѓа на третата позиција со 42 бода откако славеше со 2:3 на вечерашниот дуел.

Такефуша Кубо донесе предност за гостите во 23.минута, а гол-шоуто продолжи во вториот дел. Сорлот зголеми на 0:2, а потоа Кабрера си постигна автогол за три гола позитива за Реал Сосиедад.

Еспањол не се предаде лесно, Дардер и Оливан постигнаа два гола, но бодовите сепак отпатуваа за Сан Себастијан.

Scroll to Top