Top Sport

Чави пред мечот со Јунајтед: Се лутам кога ќе ја чујам химната на ЛШ

Чави Ернандез признава дека кога ќе ја слушне химната на Лигата на шампионите се лути, сметајќи дека неговата Барселона треба уште да игра во европското елитно натпреварување.

Барселона беше елиминирана во групната фаза на ЛШ откако завршија како трети во својата група зад Баерн Минхен и Интер со само седум поени во шест меча, за вторпат едноподруго да не успеат да влезат во осминафиналто на ЛШ. Наместо тоа, Барселона во дуел на два „паднати“ гиганти во четврток ќе ги пречека Манчестер јунајтед во баражот во Лига Европа.

„Уште се лутам кога ќе ја слушнам химната на Лигата на шампионите од дома. Поради нашата историја и нашата големина треба да сме таму. Но, мораме да ја прифатиме реалноста. Возбудени сме и за Лига Европа и секогаш е важно да имаш успех. Дали Манчестер јунајтед се тим од Лигата на шампиони? Ниту ние, ниту тие не го освоија правото да бидаат во ЛШ, така што не е фер да се кажува така поради конкуренцијата. Но, ова е многу силен Манчестер и беше време да видиме силен Манчестер“, вели Чави.

Тој го пофали Ерик Тен Хаг и неговите квалитети.

„Тен Хаг го смени лицето на тој тим. Беше тешко за нив на почетокот, но сега им оди добро. Секако, тој е голем тренер и не беше лесно да се свртат работите во Јунајтед. Тој прави варијации во нападот и одбраната и тоа функционира добро. Се работи за тренер кој сака напаѓачки фудбал и тоа се покажува речиси во секој натпревар“, додава Чави.

Scroll to Top