Top Sport

Хамилтон: Подготвен сум повторно да победувам

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, најави дека е подготвен повторно да победuva со новиот болид на Мерцедес – W14. Минатата сезона Мерцедес заостана, а Хамилтон не успеа да победи на ниту една трка и остана надвор од борбата за светската титула.

„Возбуден сум што повторно ќе се натпреварувам“, рече Хамилтон на претставувањето на болидот W14. „Смирен сум, полн со енергија и фокусиран на она што ме чека. Подготвен сум да направам сѐ што е потребно за повторно да победувам“.

Хамилтон го пофали вложениот труд во тимот на Мерцедес при создавањето на новиот болид W14, кој требаше да се ослободи од проблемите што го мачеа неговиот претходник минатата година.

„Јас сум дел од Мерцедес повеќе од 10 години и напорите што сите ги вложуваат се многу импресивни“, додаде Хамилтон.

„За мене е инспиративно како секој човек од тимот пристапува кон својата работа. Прекрасно е да можеш да го видиш развојот на болидот и сѐ што е вклучено во него. Станува збор за редизајнирање, оптимизирање и повторно создавање на одредени делови и компоненти, тоа е импресивно. И навистина ми се допаѓа црната боја“, истакна Британецот.

Scroll to Top