За неполна сезона, Касемиро стана миленик на навивачите на Манчестер јунајтед со својата посветеност, својата страст на теренот, и навивачите забележуваат дека со него во составот играта на „ѓаволите“ е сосема поинаква.
Тоа се покажа и вчера при трилер 2:2 ремито со Барселона на „Ноу Камп“, каде што, Касемиро не само што успеа да го неутрализира Гави неколку пати, туку и во еден момент поради проблеми со копачката играше со неа во раце.
Покрај пофалбите од фановите и легендата на Манчестер јунајтед, Пол Сколс го испофали 30-годишниот Бразилец.
„Најголемиот плус во тимот е Касемиро. Кога тој дојде во тимот, целосно се трансформираа. Тој наликува на тренер на теренот, работејќи ја и таа работа посебно со младите фудбалери. Не сфаќате колку е важно да имаате фудбалер во средината на теренот кој е толу доминантен. Брилијантно“, изјави вчера Сколс.
Casemiro playing with his boot off 😂
🎥 @UTDNE0 pic.twitter.com/nm7OMnd5Zr
— UtdPlug (@UtdPlug) February 17, 2023
Gavi vs Casemiro pic.twitter.com/Eh34CPDq4R
— Rei GB (@gberrei) February 16, 2023