Унион Берлин пропушти шанса да се искачи повторно на врвот на табелата во Бундеслигата откако ремизираше без голови на домашен терен против Шалке 04, последнопласираниот тим во германскиот шампионат. Најпријатното изненадување во досегашниот тек од првенството затаи во нападот и не успеа да пронајде решение за дефанзивната поставеност на Шалке.
Унион Берлин останува на втората позиција со 43 бода, колку што има и лидерот Баерн Минхен, но со подобра гол – разлика.