Академија Пандев е во период на трансформација, а реновираниот тим добро го стартуваше пролетниот дел од сезоната во кој ќе се бори за опстанок во елитата. Тимот на Александар Васоски покажа квалитет на денешниот дуел во Ѓорче Петров и славеше против Македонија ЃП со 0:1.
Стрелец на единствениот гол беше Михаил Ергемлидзе искористувајќи го „киксот“ на домашната одбрана.
Фото: Игор Паневски/Топспорт.мк