Top Sport

Малиот навивач на Јунајтед го „истрола“ Дарвин Нуњез

Секој би посакал фотографија со својот фудбалски идол. Но, не и овој мал навивач на Манчестер јунајтед, кој успеа да го „истрола“ напаѓачот на лутите ривали, Ливерпул, барајќи фотографија со него.

Нуњез засега не ги оправда големите очекувања и високата цена по трансферот од Бенфика, но полека влегува во вистинска форма со одлични оценки, иако поради повреда е неизвесен за големиот меч со Реал Мадрид.

Овојпат, тој наседна на трикот на малиот навивач, кој откако ја доби фотографијата, го соблече својот дуксер и го покажа дресот на Манчестер јунајтед. Нуњез, очигледно не се лутеше.

Scroll to Top