Ромелу Лукаку го постигна единствениот гол за Интер и му донесе минимална победа против Порто во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. Голот беше важен не само за „нероаѕурите“, туку и за напаѓачот кој успеа да подобри рекорд.
Погодокот го направи Лукаку најдобар Белгиец според бројот на постигнати голови во Лигата на шампионите.
Робусниот стрелец сега има вкупно 17 гола во најпрестижното натпреварување на „стариот континент“, надминувајќи го досегашниот лидер на оваа ранг-листа, Дрис Мертенс.
Ѕвездата на Галатасарај, кој долго време играше за Наполи, досега постигна 16 голови во ова натпреварување.