Аргентинската ѕвезда Лионел Меси најверојатно ќе го напушти ПСЖ на крајот од сезоната, а тренерот на Барселона и негов голем пријател, Чави Ернандез, уште еднаш јавно истакна дека би сакал тој да се врати на „Камп Ноу“.
Ова откако се појавија информации дека минатата седмица се слулила средба меѓу Жоан Лапорта и таткото на напаѓачот на Пари Сен Жермен, Хорге Меси, кој е негов агент.
„Барселона е домот на Меси и вратата е секогаш отворена за него, тоа веќе го имам кажано и нема тука што ново да се додаде. Тој е мој пријател и одржуваме постојан контакт, а околу неговата иднина сѐ зависи од самиот Меси. Нема никакви дилеми дека најдобриот фудбалер во светот и во историјата би се вклопил во тимот“, изјави Чави на прес-конференцијата пред денешниот натпревар со Манчестер Јунајтед во Лига Европа.