Реал Мадрид е актуелен шампион на Европа, најуспешниот клуб во историјата на фудбалот и познат по тоа што носи светски ѕвезди, но овојпат мадридскиот тим се откажа од бомбастичниот трансфер на Џуд Белингем. Раководството на „кралевите“ конечно се откажало од трансферот на еден од најперспективните фудбалери во светот.
Долго време мадриѓаните беа главни кандидати да го доведат одличниот англиски играч за врска во своите редови. Преговорите со 19-годишниот играч кој настапува за Борусија Дортмунд тргнаа во вистинска насока. Наводно, тој се согласил да стане „крал“ следното лето, но тоа нема да се случи.
Раководството на Борусија Дортмунд не сака да го продаде Белингем за помалку од 150 милиони евра. Реал се обиде да ја намали цената на играчот за врска, но „милионерите“ не сакаат да слушнат за ништо помалку, па се чини дека мадриѓаните конечно се откажаа од Англичанецот.
Ливерпул и Манчестер Сити се клубовите кои исто така се заинтересирани за Белингем, а останува да се види дали се подготвени да ја платат сумата што ја бара Борусија Дортмунд.