Top Sport

Специја доби нов тренер

Италијанскиот прволигаш Специја го именува Леонардо Семпличи за нов шеф на стручниот штаб. Тој потпиша договор на шест месеци, а доаѓа на местото на Лука Готи кој беше отпуштен минатата недела.

Во договорот на Семпличи има опција за автоматско продолжување на уште две години доколку успее да обезбеди опстанок во Серија А оваа сезона.

Специја освои само еден бод на последните пет првенствени натпревари и е два бода над зоната за испаѓање во италијанскиот шампионат.

Scroll to Top