Валтер „Еди“, Таварез ќе игра за репрезентацијата на Зеленорстките острови во квалификациите за пласман на Светското првенство. Најдобриот дефанзивец во Евролигата, утрово се упатил кон Луанда, каде во наредните три дена неговата репрезентација ќе одигра исто толку натпревари.
Таварез, синоќа постигна 16 поени за истото толку минути, во убедливата победа на Реал над Жалгирис, во Евролигата.
Утрово од Мадрид се упатил кон Луанда, Ангола. Најдоминантниот центар во Евролигата, не крие дека сака да игра на Мундијалот во септември. Самиот го платил патот до Луанда.
Инаку, Заленортските острови ќе играат против Гвинеја, Англоа и Брегот на Слоновата коска.
Тој нема да игра денес против Гвинеја, но ќе биде во тимот за двата клучни натпревари против првиот и вториот на табелата, Брегот на Слоновата коска и Ангола.
За да се пласираат на СП, репрезентативците на Зеленорстските острови треба да ги добијат сите три натпревари.