Менаџерот на Челси, Грем Потер, откри дека разговарал со бордот на директори и како и секогаш ја добил нивната целосна поддршка. „Сините“ од Лондон се во серија од пет натпревари без победа во сите натпреварувања и в недела гостуваат кај Тотенхем во дерби кое е од големо значење за двата тима.
„Цезар Аспиликуета е добар колку што можеш да бидеш кога имаш потрес на мозокот. Нема да биде подготвен за викендот бидејќи мораме да ги следиме протоколите. Но, тој е добро. Освен Канте и Пулишиќ, сите останати се достапни. тие двајца ќе бидат повеќе вклучени на тренинзите следната недела. Разговарав со луѓето од одборот на директори. Работите се исти како што биле отсекогаш бидејќи секогаш сум ја имал нивната поддршка. Последниве четири месеци бев под притисок со постојани прашања дали ја имам нивната поддршка. Ни треба силен настап против Тотенхем. Ни требаат трите бода“, изјави Потер.