Top Sport

Историски меч во Лос Анџелес, 58 минути кошарка и 351 поен

Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс и Сакраменто Кингс одиграа историски натпревар во НБА лигата.

По две продолженија победија кралевите (176:175), во вториот најефикасен меч досега во најсилната лига на светот.

Повеќе поени имаше само во 1983 година, кога Детроит Пистонс го победи Денвер Нагетс по три продолженија (186:184).

Натпреварот беше исклучително драматичен, а кошот за победа го постигна Дирон Фокс на 36 секунди до крајот на второто продолжение.

На овој меч имаше многу ефекасни кошаркари, а најмногу поени постигна Малик Монк – 45, а имаше и шест додавања.

Кај кралевите се истакна споменатиот Фокс со 42 поени, 12 асистенции и пет скока, Сабонис додаде 20, со 10 скока, а Мареј 15 поени.

Кај Клиперс најдобар беше Ленард со 44 поени, четири скока и исто толку асистенции, Џорџ постигна 34 поени, имаше 10 скока и пет асистенции, а Пауел 24 поени. Во дресот на Клиперси со 17 поени и 14 асистенции дебитираше Расел Вестбрук.

Резултати:

Вашингтон Визардс-Њујорк Никс 109:115
Атланта Хокс – Кливленд Кавалирс 136:119
Милвоки Бакс – Мајами Хит 128:99
Чикаго Булс – Бруклин Нетс 131:87
Минесота Тимбервулфс – Шарлот Хорнетс 113:121
Голден стејт Вориорс – Хјустон Рокетс 116:101
Феникс Санс – Оклахома сити Тандер 124:115

Scroll to Top