Top Sport

Касемиро: Премиер лигата е потешка за играње од Ла Лига

Бразилецот Касемиро го спореди играњето за Реал Мадрид во Шпанија и за Манчестер јунајтед во Англија.
Со години беше еден од најдобрите играчи од средниот ред во шпанската Ла Лига, сега е така и во англиската Премиер лига.

„Не сакам да ја потценувам Ла Лига, но натпреварите во Англија се многу потешки“, изјави Касемиро.

Брилијантниот Бразилец ова лето се пресели од Реал Мадрид во Манчестер јунајтед и се покажа како одлично засилување. Јунајтед за неговиот трансфер издвоија 70 милиони евра.

За „кралскиот клуб“ одигра вкупно девет сезони. Освои бројни трофеи, дури пет пати се радуваше на пехарот во Лигата на шампионите.

За Бразил има одиграно 69 натпревари, постигнал шест гола.

Scroll to Top