Карло Анчелоти инсистира дека Реал Мадрид уште се во трката за титулта во шпанската Ла лига и покрај разочарувачкото 1:1 реми во големото мадридско дерби против Атлетико во саботата.
Доколку денеска Барслона ја совлада Алмерија, Реал Мадрид ќе заостанува 10 поени зад својот лут ривал, што ги предизвика шпанските новинари да го запрашаат италијанскиот тренер дали веќе е време да се откажат од амбициите за шпанската титула и да се фокусираат на Лигата на шампиони. Анчелоти не се сгласува.
„Сега е покомпликуван, но ова не значи збогум. Мораме да се бориме до крајот на сезоната и да видиме што ќе се случи“, вели Анчелоти.
За Реал наскоро следуваат два меча со Барселона – веќе во четврток во првиот меч од полуфиналето од Копа дел реј, и на 19 март со „Ел класико“ во лигата.