Во дербито на Источната конференција, Бостон селтикс ја продолжи доминацијата против Филаделфија сиксерс, победувајќи со 110:107 за да ја прекине серијата од пет победи на гостите.
Иако Џоел Ембид имаше 41 поен и 12 скока со 5 асистенции, а Џејмс Харден доаде 21 поен, ова не беше доволно да се победат Селтикси, кои беа посигурни во финишот на мечот. Џејлин Браун имаше 26 поени, 4 скока и 3 асистенции за Бостон, а по 18 поени имаа Џејсон Тејтум и Дерик Вајт. Токму Тејтум беше клучниот играч на мечот со тројката со која ја запечати победата на Селтикс
Во дуелот од Западната конференција пак, Мемфис го стопираа Никола Јокиќ, за Гризлис да стигнат до 112:94 победа над Денвер. Српскиот центар имаше 15 поени, 13 скока и 3 асистенци, недоволно да се направи проблем за расположените домаќини, кои имаа 66:42 предност на полувреме, кои не ги испуштија. Морант го заврши мечот со 23 поени, 7 скока и 4 асистенции.
НБА РЕЗУЛТАТИ
Шарлот – Мајами 108:103
Орландо – Индијана 108:121
Њујорк – Њу Орлеанс 128:106
Мемфис – Денвер 112:94
Филаделфија – Бостон 97:100
Јута – Сан Антонио 118:102