Top Sport

По девет месеци се врати Златан, Милан ја доби Аталанта

Милан ја надмина кризата и запиша трета победа едноподруго, совладувајќи ги на „Сан Сиро“ Аталанта со 2:0 за да се израмнат со второпласираните Интер по нивниот шокантен пораз од Болоња.

„Росонерите“ дојдоа во водство во 25. минута, кога одличниот удар на Тео Ернандез заврши во стативата, па во главата на голманот на Аталанта, Хуан Мусо. По ова следуваше релативно израмнет меч, во кој Милан имаше повеќе од иницијативата и конечно ја потврди победата во 86. минута со голот на Жуниор Месијас.

За „росонерите“ позитивно беше и враќањето на теренот на двајца фудбалери кои беа клучни за нив во минатогодишната шампионска сезона – голманот Мајк Мањан, како и ветеранот Златан Ибрахимовиќ. Златан се врати на професионалниот фудбал на 41 година, девет месеци по операцијата на коленото.

Милан имаат 47 поени на третото место на табелата, идентично како и Интер, но и далечни 18 поени зад лидерот Наполи. Аталанта е на шестото место со 41 поен.

Scroll to Top