Top Sport

Лилард уфрли 71 поен и испиша историја, ЛА Лејкерс се врати и победи по 27 поени негатива

Демијан Лилард одигра меч за историја и постигна 71 поен во триумфот на Портланд Трејлблејзерс против Хјустон Рокетс со 131:114. Лилард погоди 13 тројки од 22 обиди, што е втор најголем ефект во историјата на НБА. Тој стана осмиот играч во историјата со 70 или повеќе поени, а прв кој на еден натпревар имал 70 поени, најмалку десет постигнати тројки и по пет скока и асистенции.

Уште во првото полувреме Лилард уфрли 41 поен и најави дека ќе има неверојатна вечер.

Никола Јокиќ оствари трипл-дабл од 40 поени, 17 скока и 10 асистенции, а Денвер Нагетс славеа со 134:124 против ЛА Клиперс, по продолжение.

Кошаркарите на ЛА Лејкерс со неверојатен пресврт успеаја да го совладаат Далас Маверикс со 111:108. Тимот на Леброн Џејмс во втората четвртина имаше негатива од дури 27 поени (48:21),но, не се предадоа и во неизвесна завршница успеаја да слават со 111:108.

Ентони Дејвис со 30 поени и 15 скока ги предводеше Лејкерс до триумф, а одличен беше и Леброн Џејмс со 26 поени.

Кај Далас, најдобри беа Лука Дончиќ со 26 поени и Кајри Ирвинг со 21 поен и 11 скока.

Во дуелот меѓу Милвоки Бакс и Феникс Санс, славеше тимот од Источната конференција и тоа со 104:101.

Во отсуство на главните ѕвезди, Јанис Адетокумбо од едната и Кевин Дурант од другата страна, човек на одлука беше Џру Холидеј кој постигна 33 поени.

Scroll to Top