Top Sport

ПСЖ остана без Преснел Кимпембе до крајот на сезоната

ПСЖ го совлада Олимпик Марсеј со 0:3 како гостин на „Велодром“ во 25. коло од францускиот шампионат. Актуелниот шампион на крилата на Лео Меси и на Килијан Мбапе ја покажа својата моќ и ги декласираше домаќините.

Единствената лоша вест за ПСЖ на тој натпревар е тешката повреда на дефанзивецот Преснел Кимпембе. Тој во 15. минута, при еден спринт, сериозно се повреди и ќе отсуствува до крајот на сезоната. Toj ja повреди Ахиловата тетива.

„Тој ќе отсуствува до крајот на сезоната. Веднаш знаевме дека се работи за многу сериозна повреда“, изјави тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие. ПСЖ потврди дека Кимпембе ќе отсуствува најмалку четири месеци, но сериозноста на повредата допрва треба да се утврди по деталните прегледи.

Кимпембе пропушти вкупно 21 натпревар оваа сезона поради повреди на тетивата и на потколеницата.

Scroll to Top