Барселона влезе во криза откако загуби од Алмерија (1:0) во Ла Лига, а претходно доживеа и елиминација од Манчестер Јунајтед во Лига Европа. Предмалку тренерот Чави Ернандез доби уште една непријатна вест со оглед дека нема да може да смета на полскиот интернационалец Роберт Левандовски во наредните две седмици.
Тоа значи дека ќе мора да игра без најдобриот напаѓач и на „Ел Класико“, првиот дуел од полуфиналето во Купот на Кралот против Реал Мадрид, кое е закажано за в четврток.
Левандовски има истегнување на бутниот мускул на левата нога и се очекува да паузира околу две седмици.
MEDICAL NEWS | First team player Robert Lewandowski has a left hamstring strain. He is out and his recovery will determine his availability. pic.twitter.com/AmxWJ38B0O
— FC Barcelona (@FCBarcelona) February 27, 2023