Лионел Меси ја пропуштил роденденската забава на неговата сопруга Антонела Рокуцо во неделата, за да игра за Пари Сен-Жермен во блескавата 3:0 победа на гости кај Олимпик Марсеј, каде што постигна еден гол и имаше две асистенции.
Рокуцо го потврди ова на Инстаграм, каде што со фотографија со нивните деца порача: „Најдобриот подарок. Ни недостасуваш, Лео Меси“.
35-годишниот Меси има два гола и две асистенции во последните два меча за ПСЖ, покажувајќи се како клучен играч во тимот на Кристоф Галтие, но има неизвесна иднина, бидејќи уште не е јасно дали ќе продолжи во Париз по крајот на договорот оваа сезона.