Златан Ибрахимовиќ вчера се врати на фудбалските терени на мечот на неговиот Милан со Аталанта, по што се спореди со НБА ѕвездата Никола Јокиќ.
Со 41 година и 146 дена, тој го сруши рекордот на Алесандро Костакурта (41 година и 25 дена) како најстар играч на Милан во Серија А, враќајќи се по пауза од девет месеци по операцијата на коленото.
„Сакам да му помогнам на тимот со тоа што ќе направам се да бидам на теренот. Сакам да бидам таму кога ќе бидам потребен на тренерот и на тимот. Секако, работите се менуваат помеѓу 30-тата и 40-тата година, но се чувствувам како Јокиќ во НБА. Поминав година со многу страдање кога не се чувствував добро и не го правев тоа што го сакав. Но, продолжувам бидејќи сакам да му помогнам на тимот“, вели Ибрахимовиќ.