Top Sport

Осимен ја доби наполитанската торта направена во негова чест

Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен ја доби на подарок тортата направена во негова чест, по фантастичната сезона со наполитанците и големата шанса да се освои првото скудето по ерата на Диего Марадона.

Слаткарот Салваторе Мелоне ја направи тортата во чест на Осимен, со неговата препознатлива заштитна маска и со лешници во форма на неговата фризура, и откако таа стана хит на социјалните мрежи, денеска му ја подари на Осимн пред неговото пристигнување на тренинзи со Наполи.

Останува да се види дали нутриционистот на Наполи ќе дозволи Нигериецот да ужива во толку многу шеќерно задоволство.

Scroll to Top