Top Sport

Фер-плеј наградата за херојството на Локошвили, Аргентинците со фан-наградата

Фер-плеј наградата на ФИФА за 2022, сосема заслужено, оди кај грузискиот фудбалер на Кремонезе, Лука Локошвили, чија брза реакција на фудбалскиот терен спаси живот на противнички фудбалер.

24-годишниот дефанзивец забележа дека нешто не е во ред со фудбалерот на Австрија Виена, Георг Тајгл, и спречи тој да се задуши пред да пристигне помошта од медицинскиот тим.

Посебна награда, пак, добија и аргентинските фанови за нивната поддршка на својата репрезентација на Светското првенство во Катар.

Scroll to Top