Top Sport

Ѓоковиќ се намачи за триумф против квалификант на турнирот во Дубаи

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се изнамачи за победа на стартот од турнирот од серијата 500 во Дубаи. Српскиот ас со многу мака славеше против квалификантот од Чешка, Томаш Махач, со 2:1 во сетови (6:3, 3:6, 7:6).

На Новак не му беше воопшто лесно да слави на овој меч, бидејќи 130. играч во светот играше неверојатно добро, како да е член на Топ 10.

Ѓоковиќ одигра солидно во првиот сет и го доби со 6:3, но потоа возврати ривалот со идентични 6:3 во гемови во вториот сет.

Третиот решавачки сет донесе вистинска драма, а на крајот сепак славеше Новак Ѓоковиќ.

Scroll to Top