Манчестер Сити се пласираше во четврт-финалето на ФА купот на Англија откако славеше на гости против Бристол Сити со 0:3. Тимот на Пеп Гвардиола доминираше, а двоен стрелец беше Фил Фоден. Третиот гол го постигна Кевин де Брујне.
Фулам исто така оди во следната рунда по триумфот од 2:0 над Лидс Јунајтед. Палиња и Соломон се запишаа во листата на стрелците за домашниот тим.
Брајтон на гости го победи Стоук со 0:1, со голот на Еван Фергусон, а Блекбурн го елиминира Лестер откако славеше на гостински терен со 1:2.