Рускиот тенисер Андреј Рубљов, одигра неверојатен меч, пртив Алехандро Давидович- Фокина во осминафиналето на турнирот во Дубаи. Тој спаси пет меч топки и избори пласман во четвртфинаето.
Шпанецот Давидович-Фокина (29. на АТП листата), одигра брилијантно во првиот сет, во кој го декласира противникот со 6:1.
Вториот сет се играше во тај-брејк, Давидович-Фокина имаше предност од 6:1, но до крајот Рубљов освои седум поени и успеа да израмни на 1:1 во сетови.
И третиот сет ср играше во тај-бреј, во кој Рубљов немаше преоблеми, експресно стигна до 6:1, Шпанецот ги освои наредните два поени, за пота рускиот тенисер да ја реализира третата меч топка.
Рубљов во наредната рунда ќе игра против Холанѓанецот Ботик ван де Зандшулп, кој во три сета 3:6, 6:3, 6:3 го елиминира Микел Имер од Шведска.
https://twitter.com/atptour/status/1630898479366119425