Top Sport

Петар Ненадиќ се сели кај Раул Гонзалес во ПСЖ

Српскиот ракометар Петар Ненадиќ би требало да го засили францускиот шампион ПСЖ. Како што пишуваат специјализираните ракометни медиуми, Ненадиќ треба да дојде во Париз како замена за Никола Карабатиќ, кој ќе паузира подолг период поради здравствени проблеми.

Ненадиќ има 37 години, а неодамна го раскина договорот со унгарски Веспрем, откако тренерот Момир Илиќ го суспендираше поради недисциплина.

Се шпекулира дали Ненадиќ ќе се согласи на соработка со „светците“ до крајот на актуелната сезона, или ќе добие 18.месечен договор.

Ненадиќ ја започна својата кариера во Црвена Звезда во 2003 година, како 17. годишник, а потоа играше за Алгесирас и Барселона во Шпанија, Сегед, дански Холстебро, полска Висла и германски Фуксе Берлин пред да се пресели во Веспрем во 2018 година.

Во 2019 година беше прогласен за најдобар ракометар во Европа, а беше и МВП на СЕХА регионалната лига во 2021 година.

За српската репрезентација со која беше вицешампион на Европа во 2012 година постигна 213 гола на 78 настапи.

Избраниците на Раул Гонзалес во четврт-финалето од Лигата на шампионите ќе играат против подобриот од дуелот меѓу Динамо Букурешт-Кил.

Scroll to Top