Неапол се подготвува за прослава на титулата во Серија А и покрај тоа што до крајот на сезоната треба да одиграат уште 14 натпревари. Предноста од 18 поени пред најблиските конкуренти им гарантира на Наполитанците дека ќе ја прослават првата титула по 1990 година и ерата на легендарниот Диего Арамндо Марадона.
Наполи сезоната, под водство на Лучано Спалети, делува совршено. Важен дел од тимот е и македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас. Досега има постигнато шест гола во првенството.
„Прекрасна сезона, сите ние работиме за тимот. Среќен сум за головите, има уште мечеви за играње, можеби ќе дојдам и до двоцифрен ефект“, вели Елмас дополни.
„ Задоволство е да се работи со Спалети. Кога бев дете го гледав во Рома, голем тренер, поседува многу квалитет. Без не го не би го направиле ова. Тој е најважниот човек во тимот“.