Top Sport

Гостивар казнет со три бода, Христовски суспендиран шест месеци

Лидерот на табелата во Втората лига е казнет со одземање три бода и парична казна од 1.000 евра за неправилниот настап на фудбалерот Гордијан Христовски на мечот против Пехчево кој претходно Натпреварувачката комисија на ФФМ го регистрира со постигнатиот резултат, 1-0 за Гостивар. Фудбалерот Гордијан Христовски е суспендиран шест месеци.

Одлуки од седница на Дисциплинска комисија:

  • ФК Гостивар се казнува со одземање на 3 (три) бода и парична казна од 1000 евра поради сторен дисциплински прекршок поврзан со регистрација на фудбалерот Гордијан Христовски;
  • На фудбалерот на ФК Гостивар, Гордијан Христовски му се изрекува дисциплинска мерка – забрана на настап во период од шест месеци поради сторен дисциплински прекршок – член 84, став 1, алинеа 6 од Дисциплинскиот правилник.

Фото: ФК Гостивар

Scroll to Top