Атлетико Мадрид ќе го ангажира Луис Енрике, доколку по завршувањето на сезоната Диего Симеоне го напушти клубот. Шпанските медиуми тврдат дека Атлетико подготвил тригодишен договор за поранешниот селектор на Шпанија.
Атлетико оваа сезона игра далеку под очекувањата на своите навивачи. Тимот не успеа да ја мине групата во Лигата на шампионите, во Купот на Шпанија испадна во четвртфиналето, а во Примера одамна ги загубија шансите за титулата, имаат 17 поени помалку од Барселона.
Многумина го вперија прстот во Симеоне за лошите резултати. Поради тоа се и шпекулациите дека Аргентинецот би можел да си замине и покрај тоа што има договор до јуни 2024 година.
Луис Енрике, не успеа да направи добар резултат со Шпанија на СП во Катар. „Црвената фурија“, загуби во осминафиналето од Мароко.
Во кариерата, Луис Енрике, бил тренер на Рома, Селта и Барселона.