Артем Дзјуба, капитенот на руската фудбалска репрезентација, јавно му изрази поддршка на претседателот Владимир Путин.
„Историјата ќе суди за се. Сега сум целосно за претседателот Путин, не кријам и зборувам директно. Јас сум за мојата земја. Таков сум и ќе бидам со мојата земја до крајот на животот. До крај ќе верувам дека сме за праведна кауза“, изјави Џуба.
Дзјуба моментално настапува за Локомотив Москва, а изјави дека сега не би одел во странство.
„Зошто да заминам? Поради целата ситуација, поради радикалниот однос кон нас. Мислам дека тоа не е убаво. Ги тргнаа маските и го покажаа својот став. Ако се однесувате така со нас, тогаш не ни требате. Всушност, не можам да ги поднесам . Верувам во мојата земја, јас сум патриот и ја сакам“, изјави Дзјуба за руските медиуми.
Покрај за Локомотив, тој играше за Спартак Москва, Том Томск, Ростов, Зенит, Арсенал од Тула и Адана Демирспор.