Top Sport

Челси го врати Андреј Сантош во Васко да Гама по проблемите со работната виза

Големиот талент на бразилскиот фудбал, Андреј Сантош се врати во Васко да Гама на тримесечна позајмица, откако Челси, кои платија 13 милиони фунти за 18-годишниот фудбалер од средниот ред не успеаја да му обезбедат работна виза.

Според британските медиуми Палмеирас и американскиот Л.А. галакси беа заинтересирани за позајмица, но не успеаја да се договорат со Челси, пред Челси да го врати во Бразил.

„Андреј Сантош се враќа во Бразил, повторно со својот стар клуб Васко да Гама. 18-годишниот фудбалер од средниот ред се приклучи на Челси во јануари од својот клуб од детството, кому успеа да му помогне да се врати во првата лига. Сега има нова шанса да се развива на високо ниво“, велат од Челси.

Сантош блесна на У-20 шампионатот во Јужна Америка со Бразил, каде што ја освои титулата и беше најдобар стрелец на турнирот со 6 гола.

Scroll to Top