Мајкл Џордан и Скоти Пипен беа соиграчи во легендарниот тим на Чикаго Булс кој освојуваше титули во НБА лигата. Сега нивната „слава“ во Америка ја презедоа Маркус Џордан и Ларса Пипен.
Се работи за синот на Мајкл Џордан и поранешната сопруга на Скоти, Ларса Пипен (48). Тие се во љубовна врска и предизвикуваат огромно внимание во јавноста со оглед дека Ларса е 16 години повозрасна од Маркус.
Најновата вест е дека ќе станат родители на крајот на годината.
Засега за ова нема официјална потврда од заљубената двојка, но медиумите наголемо пишуваат дека Мајкл Џордан ќе стане дедо, а бебето ќе го роди поранешната сопруга на Скоти Пипен.
View this post on Instagram