Шефот на Мерцедес Ф1, Тото Волф има лоша прогноза за неговиот тим пред стартот на новата Ф1 сезона во Бахреин денеска, откако стана јасно дека неговиот тим го има само четвртиот најбрз болид зад Ред бул, Ферари и Астон Мартин. На саботните квалификции, Џорџ Расел го освои шестото место, додека Луис Хамилтон беше седми.
На почетокот на викендот, техничкиот директор на тимот, Мајк Елиот призна дека погрешиле околу концептот на страничните крила на В14 болидот, а самиот Хамилтон го критикуваше болидот.
„Не мислам дека овој болид ќе биде конкурентен. Го дадовме максимум и сега е потребно да се регрупираме, да седнеме со инженерите и да одлучиме каков развој ќе водиме. Сигурен сум дека ќе можеме да се бориме за победи и подиуми оваа сезона, но тоа е нешто за на средни и долги патеки“, вели Волф.
Според анализите, В14 болидот е конкурентен на рамните делови, но губи многу време на кривините. Волф е сигурен дека не се работи за механички проблем, бидејќи Астон Мартин, кои се побрзи од нив го купуваат моторот и суспензијата токму од Мерцедес.
„Мотоспортот е луда работа, не знаеме што ќе се случи оваа година. Можеби ќе најдеме сребрен куршум и 5 десетинки. Не сме го виделе тоа досега, но никогаѓ не се знае“, признава Волф.